19 август, 2013

Погледнете го „Love More“ од Крис Браун и Ники Минаж

Третиот сингл од претстојниот шести студиски албум на Крис Браун, темата „Love More“ во која гостува колешката Ники Минаж, деновиве доби и свое видео издание. Станува збор за малку футуристички видео запис, забава во ноќен клуб каде што Браун уште еднаш ги покажува своите танцувачки способности. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Новиот албум насловен „X“ беше првично закажан за 16-ти јули, па потоа презакажан за 20-ти август, но и овој датум беше повлечен, па за сега се знае само дека ќе излезе до крајот на годинава.



Врати се горе ↑