15 февруари, 2013

Погледнете го „Love Me“ на Лил Вејн

Со прилично бизарниот видео запис за третиот сингл од албумот „I Am Not A Human Being 2“, најавен за 26-ти март, песната „Love Me“ (која на албумот се појавува и под поинаков наслов) и во која гостуваат Дрејк и Фјучр, Лил Вејн го најавува новото издание и на негов својствен начин го прославува Денот на вљубените. Како што пишува магазинот Hip Hop Wired, „работата на видео записот се случува во некој хотел кој очигледно има огромен проблем со водоводната инсталација“, бидејќи манекенките пливаат во вода околу креветот на Лил Вејн, а подоцна ги гледаме и во када која е наполнета со нешто што потсетува на крв, додека во меѓувреме раперот го изведува својот „демонски поглед“, а Дрејк и Фјучр му се придружуваат на колегата во нешто што делува како напуштено градилиште. Многу маски, ланци, решетки и други необични реквизити се дел од новиот видео запис, кој вчера беше премиерно емитуван на американскиот музички канал MTV.

Извор: Idolator/MTV

 



Врати се горе ↑