9 април, 2014

Погледнете го „Love In Every Moment“ од руското дуо т.А.Т.у.

Лена Катина и Јулија Волкова, своевремено познати како руското дуо т.А.Т.у., неодамна повторно се здружија за потребите на настапот на Зимските Олимписки Игри во Сочи и во таа пригода најавија нов албум и турнеја, но набрзо потоа сето тоа беше откажано со образложение дека Волкова и нејзиниот менаџмент вршат притисок врз Катина заклучувајќи дека „идните соработки би биле апсолутно невозможни“. Меѓутоа, сепак беше објавена песната „Love In Every Moment“ која сега доби и свое видео издание опишано како „последното видео на т.А.Т.у.“ и во кое пејачките во ниту еден момент не се појавуваат заедно во ист кадар. Како изгледа сето тоа под насловот „Любовь в каждом мгновении“ во соработка со Лигалајз и Мајк Томпкинс можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑