14 април, 2013

Погледнете го „Lost“ од Френк Оушн

Во видео записот за песната „Lost“, која се наоѓа на неговиот деби албум „channel ORANGE“, објавен минатата година, Френк Оушн патува ширум светот, зборува со луѓето кои ги среќава по патот, вози скејтбордс, но посетува и музеј. Видео записот во режија на Франциско Сориано, претставува монтажа од снимки кои самиот Оушн ги снимил минатото лето, а на крајот пејачот е загледан во океанот, што означува дека потрагата сè уште не е завршена. Како тоа изгледа, погледнете горе.



Врати се горе ↑