30 октомври, 2014

Погледнете го „Living Without You“ од Тулиса

Британската пејачка со потекло од Кипар, Тулиса Контоставлос, позната само како Тулиса, деновиве го претстави видео записот за нејзиниот нов сингл со кој го најавува наследникот на деби изданието „The Female Boss“ од 2012 година. За новата песна, која го носи насловот „Living Without You“, пејачката соработуваше со колегата од некогашната група „Ен-дабз“, Фејзер, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Покрај музичката кариера, Тулиса е позната и по улогата на судија и ментор во британскиот „Х Фактор“, каде што во 2011 година ги подучуваше девојките од групата „Литл микс“, кои се и единствената група што победила на овој натпревар, а во 2012 ги подучуваше натпреварувачките во категоријата „девојки“, меѓу кои беше и сега веќе популарната пејачка Ела Хендерсон.



Врати се горе ↑