28 јануари, 2015

Погледнете го „Live And Let Die“ од „Ту челос“ и Ланг Ланг

По повод објавуањето на својот нов албум „Celloverse“, момците од дуото „Ту челос“ вчера го претставија видео записот за темата „Live And Let Die“ од Пол Макартни, во која гостува кинескиот виртуоз на пијано, Ланг Ланг. Видео записот го изработи Кристијан Бурловиќ со техничка поддршка од „МедВид продукција“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

„Celloverse“ е трето студиско издание на хрватските виртуози, насловено според истоимената композиција, којашто е оригинално авторско дело на Шулиќ и Хаусер. Покрај насловната тема, албумот ги содржи и веќе објавените „Thunderstruck“ („Еј-си-ди-си“), кој е прегледан над 30 милиони пати, потоа „I Will Wait“ („Мамфорд енд санс“), „The Trooper (Overture)“ – мешавина од темите на „Ајрон мејден“ и Џоакино Росини, Mombasa од Ханс Цимер, „Shape Of My Heart“ од Стинг, „Wake Me Up“ од Авичи и, секако, легендарната преработка на „Smooth Criminal“.



Врати се горе ↑