18 октомври, 2013

Погледнете го „Let Me Go“ од Аврил Лавињ и Чед Кругер

Канадските музичари и новопечени сопружници Аврил Лавињ и Чед Кругер неодамна ја објавија својата заедничка песна, а темата насловена „Let Me Go“ деновиве доби и своја видео адаптација.  Музичката јавност смета дека Аврил покажа голема зрелост со оваа песна и дека полека ги надмина своите „детски поп“ почетоци, додека Чед успеа да ја смири својата Никлбек природа и одлично се вклопи во аранжманот на оваа тема која е некаде на половина пат помеѓу њу-рок и поп жанровите. Оваа песна би требало да се најде на претстојниот албум на Лавињ кој ќе го носи нејзиното име и чие објавување се очекува на 5-ти ноември, а според претходно објавените синглови изданието би требало да биде нешто посебно и поинакво во однос на досегашниот дел од нејзината кариера.

Уметничкиот видео запис во кој брачната двојка се наоѓа во куќа опремена со рустичен ентериер, кадешто Авил свири на клавир, а Кругер на акустична гитара, дополнет е и со драматичен момент кога постар господин кој би требало да го претставува канадскиот пејач кој во постари години се присетува на својата некогашна љубов.



Врати се горе ↑