22 март, 2013

Погледнете го „Let It Go“ од Виз Калифа и Ејкон

Виз Калифа и Ејкон го претставија видео записот за нивната заедничка песна „Let It Go“, кој раскажува приказна за млада девојка на која ѝ е доста од нејзиниот досегашен начин на живот и се решава на голема промена. Песната се најде на минатогодишниот албум на Калифа насловен „O.N.I.F.C“ што е кратенка од „Only Nigga In First Class“, а можеби ќе се најде и на долгоочекуваниот четврт студиски албум на Ејкон насловен „Stadium“, на кој ќе се најдат и соработки со Рик Рос, Крис Браун, Дејвид Гета, Бени Бенаси, Вил Ај Ем и Бејби Фејс, а беше најавен за март годинава, но сè уште нема потврден официјален датум за издавање.

 



Врати се горе ↑