29 август, 2014

Погледнете го „Let It Be“ од Лабиринт

Младиот британски продуцент Тимоти Мекензи, познат како Лабиринт, со својот истоимен бенд постигна голем успех со деби изданието „Electronic Earth“, претставено во 2012 година, а годинава би требало да пристигне и вториот албум, за кој сè уште не се познати многу детали, освен тоа дека соработува со колегата Ед Ширан.

Како најава за претстојниот албум, музичарот деновиве го претстави видео записот за песната „Let It Be“, кој е снимен во еден кадар и кој мошне детално го документира процесот на работа на новото издание: „Толку многу се забавував работејќи на музиката, а потоа се уплашив; сфатив дека го направив тоа што сакам да го слушнам, направив албум каков што сакам, но сега не знам како ќе реагира остатокот од светот“, изјавил музичарот, а како изгледа и звучи неговиот нов сингл можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑