Видео kotlarovski

5 декември, 2012

Погледнете го „Left & Right“ на Хари Котларовски

Вчера во 14 часот, со видео запис премиерно на YouTube беше промовиран новиот сингл „Left & Right” на реномираниот ресенски композитор Хари Котларовски, чиј звук ги следи интернационалните клубски музички квалитети, со што истиот ќе претставува новитет на нашиве простори и вистинско музичко освежување. Видео записот е комплетно дело на Илче Кордановски, кој после овогодинешниот МакФест каде што дебитираше како композитор, сега дебитира и како режисер. Видеото можете да го погледнете овде во продолжение.

 

Синглот „Left & Right” можете да го преземите во MP3 формат на овој линк.

„Песната “Left & Right” е работена во летото заедно со 8 други песни кои имаат ваков сличен призвук. “Left & Right” е првата објавена од нив и сосема случајно се дојде до овој видео запис. Инаку песната е веќе промовирана на неколку радија надвор од Македонија. Иако темата на песната, како и стилот, многу не се совпаѓаат со она што моментално се работи кај нас, сметам дека ги прати модерните светски музички трендови со минимални примеси на музиката од осумдесетите. Овој стил на музика ќе го негувам во наредната година и со неколку македонски пејачи веќе се договорени синглови од овој тип , но се разбира со вокални верзии. Можеби е крајно време повеке да поработиме и да ја промовираме клубската македонска музика. Можеби на тој начин ќе избегаме од нашето музичко сивило.“ – изјави Хари Котларовски за Преспана.

„Морам да признаам дека овој видео запис го работев со огромно задоволство и за мене тоа претставуваше едно ново и напорно, но забавно искуство пред сè. Синглот „Left & Right” е фантастичен, баш е по мој вкус и уште првиот пат кога го слушнав сакав да изработам видео запис за него. Вистински предизвик беше напоредно да режирам, да снимам и да монтирам. Бидејќи станува збор за мое првенче видео, го дадов својот максимум. Со Котларовски досега сме имале повеќе соработки на музички план, но оваа е прва соработка од ваков тип и истата настана сосема случајно. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми помогнаа во реализирањето на овој видео запис, без чија поддршка, помош и трпение, финалниот производ немаше да биде таков каков што е. Сакам да му се заблагодарувам и на Котларовски за дадената шанса и доверба која ја имаше во мене за да го работам неговиот прв официјален видео запис. Главната улога во ова видео го има Марија Мицевска, која со својата убавина и шарм, успеа да го долови ефектот кој го посакував.“  – изјави Илче Кордановски за Преспана.



Врати се горе ↑