8 април, 2015

Погледнете го „Last Party“ од Мика

Мика се враќа на музичката сцена со нов албум. 31-годишниот британски музичар со потекло од Либан, кој во 2007 година се прослави со мега-хитотGrace Kelly, неодамна го објави својот нов сингл „Talk About You“, како најава за претстојниот, четврти по ред студиски албум насловен „No Place In Heaven“, кој ќе ги наследи „Life In Cartoon Motion“ од 2007, „The Boy Who Knew Too Much“ од 2009 и „The Origin Оf Love“ од 2012 година.

Покрај „Talk About You“, која е во стилот на добро познатата „Grace Kelly“ и која можете да ја слушнете во продолжение., Мика деновиве објави и видео запис за баладата „Last Party“, а како изгледа сето тоа погледнете горе.

 



Врати се горе ↑