3 ноември, 2012

Погледнете го контроверзниот спот на Мајли Сајрус

Деновиве беше промовиран видео записот за новата песна „Decisions“ на Мајли Сајрус во соработка со Боргор, за кој неодамна беше објавено дека ќе гостува и позната порно ѕвезда. Размачкана со торта, како и сите други статисти, Мајли покажа дека од видео записот може да се направи вистинска грозоморна глетка. Во еден момент пејачката се бакнува со момче кое на главата има маска од коњ. Од преголема желба да биде интересен, спотот стана бизарен и цел свет ја коментира таа сцена. Барем го доби тоа што го посакуваше, нејзиниот спот да биде во центарот на вниманието. Погледнете го видеото, па проценете сами.



Врати се горе ↑