16 март, 2013

Погледнете го „Колико волим те ја“ од Бојан Маровиќ

Црногорскиот пејач кој е познат по одличните балади, Бојан Маровиќ неодамна го претстави видео записот за неговата најнова песна „Колико волим те ја“, а истиот беше промовиран на 8-ми март, како подарок за Денот на жената. Во снимањето учествувале дваесетина фанови кои биле одбрани преку неговата официјална фан страница на фејсбук, а се снимаше на десетина локации на покрај реките Дунав и Сава. За режијата се погрижи Дарио Јанковиќ од Битола, кој има соработувано со голем дел од македонската музичка сцена.

Маровиќ со оваа песна го означи неговото враќање на сцената по кратка пауза, а годинава ќе му биде доста активна, неговиот календар е преполн со настапи сè до крајот на летото. Уживајте во уште една прекрасна балада, која покрај Бојан, ја потпишува и Душан Алагиќ.



Врати се горе ↑