8 јануари, 2013

Погледнете го „Kiss You“ на Уан Дајрекшн

Британскиот популарен бенд Уан Дајрекшн конечно го објави официјалниот видео запис за нивниот сингл „Kiss You“, за кој претходно беше објавен привремен текстуален видео запис. Нумерата се наоѓа на нивниот втор студиски албум „Take Me Home“, издаден во ноември 2012 година. Погледнете ги момците од британската поп атракција Уан Дајрекшн, кои минатата 2012 година триумфираа собирајќи голем број музички награди, а нивниот втор албум беше на прво место на топ листите во преку дваесет земји во светот.



Врати се горе ↑