11 септември, 2014

Погледнете го „Kiss And Not Tell“ од Ла Ру

Најавен со првиот официјален сингл „Uptight Downtown“, во јули стигна „Trouble In Paradise“, односно вториот студиски албум кој под името Ла Ру го претстави британската пејачка и авторка Ели Џексон, чие претходно издание насловено „La Roux“ од 2011 година освои Греми награда за најдобар албум во жанрот „денс/електроника“. А сега, од новиот албум стигна уште еден нов сингл, а тоа е песната „Kiss And Not Tell“, чиј видео запис е инспириран од естетиката на осумдесеттите години на минатиот век. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑