14 октомври, 2014

Погледнете го „Кај ни се срцата“ од „Д хаундс“

По соработката со Марија Бунда, прилепскиот рок состав „Д хаундс“ деновиве го претстави своето најново музичко парче. Станува збор за песната насловена „Кај ни се срцата“, чии автори на музиката и аранжманот се самите членови на бендот, текстот го потпишува Весна Малинова, а клавијатурите се отсвирени од Дејан Трајкоски. Песната пристигна заедно со видео запис во режија на Христијан Конески, а во продукција на „MarryPHAT“ и Ивица Јанкуловски. Главните улоги ги имаат актерите Димитар Црцороски и Александра Јанкоска, со специјална поддршка на Кристијан Евго, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

Фотографија: Ѓорги Десподов



Врати се горе ↑