24 јануари, 2014

Погледнете го „Just Like Fire Would“ од Брус Спрингстин

64-годишниот американски музичар и пејач Брус Спрингстин на 13-ти овој месец го објави својот осумнаесетти студиски албум насловен „High Hopes“, кој дебитираше на првото место на билбордовата 200 листа во САД, а по истоимениот најацен сингл, деновиве стигна и видео запис за една од песните на новото издание. Станува збор за темата „Just Like Fire Would“, чија оригинална верзија ја сними австралискиот алтернативен рок бенд Д Сејнтс во далечната 1986 година.

Новиот видео запис можете да го погледнете горе, а на првиот сингл „High Hopes“ од истоимениот нов албум можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑