6 февруари, 2013

Погледнете го „Jubilee Street“ од Ник Кејв

Уште при крајот на минатата година, Ник Кејв и неговиот бенд Д Бед Сидс го најавија новиот петнаесетти по ред студиски албум насловен „Push The Sky Away“, закажан за 18-ти овој месец. Првиот сингл од ова издание кој доби видео запис беше „We No Who U R“, а сега свое видео издание доби и вториот сингл од претстојниот албум. Станува збор за нумерата „Jubilee Street“, чиј видео запис веќе предизвика големо внимание и контроверзии. Причините за тоа се голите сцени поради кои видео записот е забранет за лица помлади од 18 години на ЈуТјуб. Режијата на спотот е дело на стариот соработник на Кејв, Џон Хилкоут, а спотот е снимен минатата година во Лондон. Дел од спотот е и британскиот актер Реј Винстоун.

„Ми беше задоволство да го видам Реј во оваа улога. Тој е вистински уметник и врвен актер. Исто така беше задоволство повторно да соработувам со Хилкоут“ – изјави Кејв за NME.



Врати се горе ↑