29 јули, 2013

Погледнете го „Једино моје“ од Бојан Бјелиќ

Српскиот пејач Бојан Бјелиќ деновиве го претстави новиот видео запис за песната „Једино моје“, со кој го најави неговиот нов албум кој треба да излезе до крајот на годинава. Екранизацијата на новата песна која Бојан им ја препушти на IDJ Videos, се снимаше во луксузна зграда и ја следи приказната во која Бјелиќ се заљубува во девојка поради која на крајот купува еден од становите во таа зграда. Улогата на убавата девојка ја игра поранешната мисица Ведрана Грбовиќ.

Паралелно со најавата за албумот, пејачот се подготвува и за серија гостувања во регионот и дијаспората. Како Бојан ја заведува сексапилната Грбиќ можете да видите горе.



Врати се горе ↑