21 септември, 2015

Погледнете го „Јас не сум како ти“ од Милан Коса

По кусиот документарен филм за неговото досегашно творештво, тетовскиот музичар Милан Миланов – Коса неодамна ја претстави својата најнова песна „Јас не сум како ти“, која доби мошне интересен видео запис. Милан се потпишува и како автор на стиховите, а за музиката му помогна колегата Лазар Цветкоски, кој го направи и аранжманот и миксот, додека за мастерингот се погрижи Раде Врчаковски.

Екранизацијата е во релизација на „Пан продукција“, Јанус (сценарио, режија, камера и монтажа) и Александар Јованоски и Ненад Велоковски (кран). Главните улоги ги играат самиот Милан и Елена Деспотоска, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑