25 март, 2014

Погледнете го „Ја волим свој грех“ од Марија Шерифовиќ

Единствената српска пејачка која успеа да ја донесе Евровизија во својата земја, Марија Шерифовиќ на неодамнешното супер финале на првата сезона од регионалната верзија на музичкиот натпревар X Factor премиерно ја претстави својата нова песна која доаѓа по пауза од цели пет години. Во меѓувреме пејачката објави автобиографија и документарен филм со наслов „Исповед“, во кои зборува за својот приватен живот. Со настапот на X Factor воедно го најави и нејзиниот нов албум кој ќе биде објавен во мај, а новата песна насловена „Ја волим свој грех“ денеска доби и свое видео издание, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑