18 април, 2014

Погледнете го „It’s On Again“ од Алиша Киз и Кендрик Ламар

Американските музичари Алиша Киз и Кендрик Ламар ги здружија силите за новата песна од саундтракот за филмот „The Amazing Spider-Man 2“, а за темата насловена „It’s On Again“ пејачката соработуваше и со хитмејкерот Фарел Вилијамс и познатиот филмски композитор и продуцент Ханс Цимер. Во врска со оваа песна таа изјавила: „Многу сум возбудена за оваа соработка. Ова е ново поглавје во ’Спајдермен’ франшизата и сите сметаме дека оваа песна го доловува искуството, приказната и најважно од сè, значењето на самиот филм, а тоа е дека сите имаме потенцијал во себе за да постигнеме нешто извонредно. Во секој од нас се крие по еден супер херој.“

„It’s On Again“ неодамна доби и свое видео издание во кое се појавува целата екипа, а вметнати се и делови од самиот филм во режија на Марк Веб и во кој улогите ги толкуваат Ендру Гарфилд, Ема Стоун, Џејми Фокс, Сали Филд и други. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 

 



Врати се горе ↑