28 април, 2013

Погледнете го „Instant Generation“ од Беи д фиш

Минатата година составот Беи д фиш го објави албумот „At The End Of The Sand“, под етикетата на PMG Recordings, а деновиве беше промовиран и видео записот за првиот сингл од ова издание, песната насловена „Instant Generation“. За режијата повторно се погрижи Георги М. Унковски, а главните улоги ги зазедоа самите членови на бендот Огнен Анастасовски, Валентина Миновска, Ненад Тонкин и Владимир Настевски.



Врати се горе ↑