7 декември, 2013

Погледнете го „Instant Crush“ од Дафт Панк

Француското електро дуо Дафт Панк, кое се смета за еден од најуспешните проекти во историјата на електронската музика, во мај годинава го објави својот четврт студиски албум насловен „Random Access Memories“, кој го најави со мегахитот „Get Lucky“, а по него следеа „Lose Yourself to Dance“ и „Doin’ It Right“. А сега на ред дојде и четвртиот сингл од ова издание, а тоа е темата „Instant Crush“ во која гостува американскиот музичар Џулијан Казабланкас, кој заедно со нив се потпишува и како автор на оваа песна.

Токму овој сингл деновиве доби и своја официјална видео адаптација, чија режија ја потпишува Ворен Фу, кој ја направи и обвивката на актуелниот албум, а беше и еден од режисерите на видео записот за „Lose Yourself to Dance“. Новиот видео запис беше ексклузивно прикажан на француската телевизија BFM TV на 5-ти декември, а од вчера е достапен и на нивниот официјален VEVO канал. Љубовната приказна за две восочни фигури можете да ја погледнете горе.



Врати се горе ↑