10 декември, 2015

Погледнете го „In the Night“ од Викенд

Сè попопуларниот канадски музичар со потекло од Етиопија, Абел Тесфеј, односно Викенд (The Weeknd), деновиве го објави видео записот за темата „In the Night“, која е четврт сингл од актуелниот студиски албум „Beauty Behind the Madness“. Песната наиде на одлични критики, а стилот на пејачот е често споредуван со оној на Мајкл Џексон, за кого и самиот Викенд призна дека е еден од музичарите што најмногу влијаеле врз него.

За неговите хитови „I Can’t Feel My Face“ и „Earned It“ од филмот „50 нијанси на сиво“, како и за второто студиско издание „Beauty Behind the Madness“, Викенд е номиниран во седум категории за претстојното доделување на наградите Греми, а со колку златни грамофони ќе си замине дома ќе дознаеме во февруари следната година.



Врати се горе ↑