8 април, 2013

Погледнете го „Imagine It Was Us“ од Џеси Вер

Британската пејачка Џеси Вер (Jessie Ware) го претстави видео записот за синглот „Imagine It Was Us“, кој изгледа како да е снимен помеѓу осумдесеттите и деведесеттите години. Интересна денс нумера, која официјално ќе биде претставена на 13-ти мај, ќе се најде и на реизданието од нејзиниот деби албум „Devotion – Gold Edition“, а ќе биде и една од двете бонус нумери на американското издание на овој албум. Во видео записот режиран од Кејт Морос, Вер игра улога на диско кралица во ноќен клуб и одлично се забавува, а како тоа изгледа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑