16 декември, 2014

Погледнете го „Иконе поп културе“ од „С.А.Р.С.“

Белградскиот состав „С.А.Р.С.“ во јануари годинава го објави својот четврт по ред студиски албум „Иконе поп културе“ (кој можете бесплатно да си го симнете од веб страната на бендот), а токму насловната тема, за која пејачот на бендот, Жарко Ковачевиќ изјавил дека ја носи „најсилната порака“ на албумот, деновиве доби и свој видео запис. Ова е трета екранизација на песна од актуелниот албум, а воедно и трета соработка на бендот со хрватскиот музичар Филип Диздар, кој го режираше видео записот. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Покрај бројните концертни настапи, групата подготвува и албум во живо, на кој ќе се најдат изведбите на нивните хитови за време на нивниот најголем концерт каде што присуствуваа повеќе од 9.000 посетители. Изданието ќе биде објавено на 1 јануари 2015 година.

 



Врати се горе ↑