8 март, 2013

Погледнете го „Играј“ од „Рафинерија“ и Сани

Деновиве беше промовиран видео записот за дуетот на групата „Рафинерија“ и Сани. Станува збор за песната „Играј“, чија музика и текст ги потпишува Борче Димитров, оркестрациите се на Иван Јованов, а снимена е во студиото на Јован Јованов.

Видео записот го изработи „HD GAME Production“, режијата е на Бобан Ефтески, директор на фотографија е Коста Јованов, а извршни продуценти се Драган Николовски и Димче Ефтески. За шминката и изгледот се погрижи Владимир Трајковски. Како сето тоа изгледа погледнете горе.



Врати се горе ↑