28 јануари, 2013

Погледнете го „If I Lose Myself“ од „Уан репаблик“

Уште во февруари минатата година, „Уан репаблик“ (OneRepublic) го најавија својот трет студиски албум за есента 2012 година, а на крајот на август беше претставен и најавниот сингл „Feel Again“, но објавувањето беше одложено, а во јануари албумот конечно доби име и датум на објавување. „Native“ ќе пристигне на 26-ти март, а за новото издание фронтменот Рајан Тедер изјавил дека се надева „дека ова е албумот со кој бендот ќе се пробие“, што звучи малку необично со оглед на тоа што уште првиот сингл „Apologize“ од 2007 година достигна троен платинест тираж.

Деновиве стигна и видео записот за најновата нумера на бендот – „If I Lose Myself“, а истиот можете да го погледнете горе.

 

Извор: mtv/popcrush



Врати се горе ↑