10 јули, 2014

Погледнете го „I Will Wait“ од „Ту челос“

Изминатиов период беше мошне успешен за хрватското дуо „Ту челос“, кое доби посебна награда од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ за промоција на Хрватска во светот  и награда „Порин“ за најдобро ДВД издание „ Live At Arena Zagreb“, како и златниот тираж во Јапонија за изданието „IN2ITION“. Иако нивната агенда за летово е преполна со настапи, Шулиќ и Хаусер сепак најдоа време да снимат видео запис за нивната верзија на  песната „I Will Wait“ од Мамфорд енд Санс. Снимањето се одвиваше во прекрасните предели на националниот парк „Плитвички езера“ во родната Хрватска, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Виртуозите на виолончело на 12 јули ќе настапат во Нови Сад, Србија, во рамките на фестивалот Егзит, а потоа следат настапи во Малта, Грција, Франција, Швајцарија и Хрватска.



Врати се горе ↑