21 март, 2015

Погледнете го и видео записот за евровизиската песна на Црна Гора

Пред неколку дена беше конечно објавена и последната од 40-те песни кои годинава ќе се натпреваруваат на јубилејното 60. издание на „Евровизија“. Станува збор за евровизиската песна на Црна Гора, која ја изведува познатиот пејач Кнез. Темата насловена „Адио“ е авторско дело на евровизискиот ветеран Жељко Јоксимовиќ, кој ги потпишува музиката и аранжманот, а стиховите се дело на Марина Туцаковиќ и Дејан Ивановиќ. Екранизацијата за „Адио“ е вистинска разгледица во која се прикажани природните убавини на Црна Гора, а како изгледа сето тоа погледнете горе.



Врати се горе ↑