3 октомври, 2014

Погледнете го „I Don’t Care“ од Шерил

Само два дена откако ја претстави аудио верзијата, денеска стигна и официјалниот видео запис за новиот сингл на британската пејачка Шерил (поранешна Кол, сега Фернандез-Версини), со кој го најавува својот четврт по ред студиски албум насловен „Only Human“, кој се очекува да биде објавен во ноември. Песната насловена „I Don’t Care“, доби летен видео запис кој ќе придонесе уште повеќе да Ви недостасуваат топлите летни денови. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑