29 август, 2014

Погледнете го „I Can’t Give You Anything But Love“ од Тони Бенет и Лејди Гага

Како што е познато, Лејди Гага и најстариот изведувач на американската Билборд листа, џез музичарот Тони Бенет, на 23 септември ќе го претстават својот заеднички албум со преработки на џез класици, а изданието беше најавено со сингловите „Anything Goes“ и „I Can’t Give You Anything But Love“, кој деновиве доби и свое видео издание.

Песната е оригинално напишана за мјузиклот „Blackbird of 1928“, а прв пат е претставена во верзијата која во 1928 година ја снимила џез пејачката Аделаид Хол (Adelaide Hall), чија кариера опфати период од 7 децении. Во новиот видео запис, Гага и Бенет се забавуваат во студио, оживувајќи ја атмосферата од тоа време. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑