6 април, 2013

Погледнете го „How Ya Doin’?“ од Литл Микс и Миси Елиот

Британскиот женски бенд Литл Микс (Little Mix), победнички на шоуто X Factor во 2011 година, најавуват пробивање на пазарот во САД со нова верзија на песната „How Ya Doin’?“, базирана на семпл од песната „Ring Ring Ring (Ha Ha Hey)“ од групата Де Ла Соул, објавена во 1991 година, а во тоа им помага и гостувањето на познатата хип-хоп ѕвезда Миси Елиот. Песната е четврт сингл од нивниот деби албум „DNA“, објавен минатата година, а американското издание на овој наслов се очекува во текот на летото.

Сега за оваа песна стигна и еден „разигран“ видео запис во кој една од главните улоги ја „играат“ живописните бои, а како тоа изгледа можете да погледнете горе.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑