2 септември, 2013

Погледнете го „Holy Grail“ од Џеј Зи и Џастин Тимберлејк

Познатиот рапер Џеј Зи во јули годинава го објави својот дванаесетти по ред студиски албум насловен „Magna Carta Holy Grail“, на кој се најдоа 16 песни, меѓу кои и соработките со сопругата Бијонсе, Френк Оушн, Рик Рос и секако Џастин Тимберлејк. Пејачот кој годинава ќе ја заокружи со два албума („The 20/20 Experience vol.1 & 2“), во една прилика изјави дека за дополнително снимените песни со Џеј Зи е виновна Бијонсе, која направила „грешка“ што ги оставила сами во студио.

Како производ од таа „грешка“ веројатно е и оваа соработка за песната „Holy Grail“, која се најде на актуелниот албум на Џеј Зи. Иако не е издадена како официјален сингл, темата високо котира на светските топ листи, а деновиве го доби и своето видео издание во режија на Ентони Мендлер. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑