4 јануари, 2014

Погледнете го „Hold Tight“ од Џастин Бибер

Секој кој присуствувал на концерт на Џастин Бибер знае дека секогаш постои еден момент во текот на концертот кога пејачот ќе покани на сцена некоја девојка од публиката и ќе ѝ отпее мини-серенада пред илјадната публика која дошла да го посети овој настан. Овие моменти се вообичаени како што се и изјавите како „ова е најдобриот град во кој сме биле на цела турнеја“, но правило е оние кои се избрани навистина да се чувствуваат посебно.

Бибер сепак ова го одведе на следното ниво со тоа што направи компилација од сите тие посебни моменти, ставајќи ги на едно место сите девојки кои со него поделиле еден ваков магичен момент. Издавачката куќа Island Def Jam го објави новиот видео запис за темата насловена „Hold Tight“, која се најде на неговиот неодамна објавен албум „Journals“. Станува збор за компилација од снимки од настапите во живо во рамките на неговата светска турнеја „Believe“, која се одржа во текот на 2013 година, а специјално се нагласени моментите во кои Бибер комуницира со неговите обожавателки. Како што тече песната и се зборува за љубовта, гледачите можар да видат како Џастин, многу често без маичка, пее и „заведува“ голем број на млади девојки, додека другите љубоморно го гледаат тоа.

Албумот „Journals“ на кој се наоѓа оваа песна, во целост е објавен на 23-ти декември, а десет недели пред новата година, секој понеделник младиот пејач објавуваше по една песна во рамките на проектот #MusicMondays. Покрај овие десет теми, на албумот се сместени уште пет песни, вклучувајќи ги и соработките во кои учествуваа Фјучр и Биг Шон, како и Лил Вејн. 

 



Врати се горе ↑