19 март, 2014

Погледнете го „Hold On“ од Фифти Сент

Пред помалку од месец дена Фифти Сент го претстави видео записот за темата „The Funeral“ и го најави новиот албум „Animal Ambition“ за 3-ти јуни, а сега стигна уште една видео адаптација на материјалот од претстојното издание. Станува збор за видео записот за песната „Hold On (Explicit)“, за која исто така е потврдено дека ќе се најде на овој петти по ред студиски албум. Меѓу другото, раперот најави и дека после 12 години соработка официјално ја напушти издавачката куќа Shady Records, дел од системот Afthermath/Interscope, како и тоа дека со својата етикета G-Unit премина во издавачката куќа Caroline, независен дел од системот Capitol Music Group.

Во новиот видео запис како и секогаш можат да се видат убави девојки, скапи коли, многу накит и неизбежната крзнена бунда која Фифти ја носи на себе додек рапува, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑