16 август, 2013

Погледнете го „Higher“ од Бауер, Џаст Блејз и Џеј Зи

„Харлем Шејк“ ѕвездата диџеј Бауер неодамна ја претстави својот нов сингл, а во песната насловена „Higher“ во соработка со продуцентот Џаст Блејз, гостува и популарниот рапер Џеј Зи. Темата деновиве доби и свое видео издание за чија режија беше задолжен Набил Елдеркин, човекот кој стои позади видео записите на многу изведувачи како што се Арктик Манкис и Канје Вест, а во новиот видео запис за „Higher“, кој се снимаше во Индија, се откриваат и мрачните тајни на древните боречки вештини. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑