3 април, 2013

Погледнете го „High School“ од Ники Минаж и Лил Вејн

Песната „High School“, чија продукција ја потпишуваат Метју Семјуелс и Тајлер Вилијамс, со својата „драматична“ атмосфера дефинитивно го заслужува статусот на официјален сингл од Ники Минаж и претставува интересно враќање на раперката користејќи природни гласови и традиционална хип-хоп/Р&Б продукција. Како што делува во моментов, Минаж веројатно нема да се задоволи додека секоја песна од нејзиниот актуелен албум „Pink Friday: Roman Reloaded – The Re-Up“ (објавен во ноември минатата година) не заврши како сингл. До сега имавме можност да слушнеме дури пет сингла од ова издание, а тоа се „Starships“, „Right by My Side“, „Beez in the Trap“, „Pound the Alarm“ и „Va Va Voom“.

Како изгледа видео записот за „High School“, во кој гостува и колегата Лил Вејн, можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑