2 март, 2013

Погледнете го „Hey Porsche“ од Нели

На почетокот на годинава, познатиот американски рапер Нели го претстави првиот сингл со кој го најавува неговиот седми студиски албум закажан за месец јуни. Песната насловена „Hey Porsche“ деновиве доби и свој видео запис, во кој раперот игра улога на автомеханичар и се вози во кабриолет во друштво на девојка.

Како што неодамна изјави на црвениот тепих пред доделувањето на Греми наградите, на новиот албум ќе гостуваат неговите колеги Треј Сонгз, Ти Ај и Ејкон, како и Нели Фуртадо, а како продуценти ќе се потпишат Фарел и Рико Лав. Погледнете како изгледа „Hey Porsche“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑