9 мај, 2013

Погледнете го „Here’s To Never Growing Up“ од Аврил Лавињ

Канадската пејачка Аврил Лавињ уште минатата година го најави нејзиниот нов петти по ред студиски албум, а неодамна беше претставен и првиот сингл кој го највува ова издание. Нумерата „Here’s To Never Growing Up“ деновиве доби и свое видео издание, а самиот наслов на песната асоцира на тоа дека сè е во знакот на младоста, па приказната во видео записот е токму матурска прослава проследена со тинејџерски лудории. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑