1 февруари, 2013

Погледнете го „Heaven“ од „Депеш моуд“

Вчера беше премиерно претставен новиот видео запис за синглот „Heaven“ од бендот „Депеш моуд“, кој го најавува нивниот нов албум „Delta Machine“„Пишувајќи го овој албум сакав да има многу модерен звук. Сакам кога луѓето ќе го слушаат да добијат чуство на мир. Има нешто магично во врска со тоа“, изјави текстописецот Мартин Гор. Иако видео записот требаше да биде претставен денеска, сепак излезе еден ден порано.

„Со овој издание ние потполно ја променивме нашата идеја за тоа како да се создаде еден албум. Кога наидуваме на ѕид и сфаќаме дека албумот почнува да звучи премногу ’нормално’, малку ќе го измешаме и ќе му го дадеме оној карактеристичен Депеш Мод звук“, изјави фронтменот Дејв Гахан, додавајќи: „’Delta Machine’ не е ништо поразличен и едвај чекам да го слушнат сите наши фанови.“ 

„Delta Machine“ ќе биде издаден на 26 март заедно со книга од 28 страници која ќе содржи фотографии од бендот сликани од нивниот долгогодишен пријател Антон Корбин. Во продолжение погледнете ја листата на нумери кои ќе се најдат на ова издание (во луксузното издание ќе има и Б-страна од „Heaven“, „All That’s Mine“, како и „Happens All the Time“, „Long Time Lie“  и „Always“):

1. Welcome To My World 
2. Angel
3. Heaven 
4. Secret To The End
5. My Little Universe
6. Slow 
7. Broken 
8. The Child Inside 
9. Soft Touch/Raw Nerve 
10. Should Be Higher
11. Alone 
12. Soothe My Soul
13. Goodbye

Потсетуваме дека „Депеш моуд“ ќе одржи концерт во Белград на 19 мај.

Извор: Huffingtonpost.com



Врати се горе ↑