26 октомври, 2013

Погледнете го „Heart Attack“ од Енрике Иглесијас

По албумот „Euphoria“ од 2010 година, познатата латино ѕвезда Енрике Иглесијас минатата година ја објави песната „Finnaly Found You“, во којa гостува американскиот рапер Семи Адамс, а летово го објави и првиот сингл „Turn the Night Up“, кој го најавува неговиот десетти студиски албум, за кој сè уште нема многу информации освен тоа дека ќе стигне кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Неодамна беше објавен и вториот сингл од претстојното издание, а темата насловена „Heart Attack“ деновиве доби и свое видео издание. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑