13 мај, 2014

Погледнете го „Headlights“ од Еминем

Како што Ви пренесовме претходно, Еминем неодамна го сними видео записот за темата „Headlights“ во која гостува колегата Нејт Руес од групата фан., а како режисер се потпишува познатиот Спајк Ли. Во оваа емотивна песна која е дел од актуелното студиско издание „The Marshal Mathers LP 2“, раперот зборува за својата мајка Деби Метерс со која секогаш имал проблематичен однос и токму со оваа песна тој се обидува да се извини за сите тешки зборови кои ги упатил на нејзина сметка. Сосема соодветно, видео записот во кој можат да се видат фотографии од детството на Еминем, беше претставен на Денот на мајката, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑