26 ноември, 2014

Погледнете го „Guts Over Fear“ од Еминем и Сиа

Дел од песната можеше да се слушне во трејлерот за филмот „The Equalizer“ со Дензел Вашингтон, а потоа соработката која ја потпишуваат Еминем и Сиа, песната „Guts Over Fear“, беше објавена во целина. Деновиве, заедно со своето компилациско издание „SHADYXV“, раперот го претстави и филмското видео издание на оваа песна, во кое наместо Сиа се појавува манекенката Шантел Браун-Јанг, која е позната по необичната „шарена“ кожа предизвикана од болеста витилиго (која ја имаше и Мајкл Џексон). Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑