17 октомври, 2013

Погледнете го „Gorilla“ од Бруно Марс

Музичарот кој следната година ќе настапи на полувремето на најгледаниот настан во САД – Супер Боул 2014, Бруно Марс својот четврт сингл од актуелниот албум „Unorthodox Jukebox“ го претстави на овогодишните доделувања на MTV VMA, а песната „Gorilla“ за која самиот Марс вели дека е „најдобрата што некогаш ја напишал“, деновиве доби и свое видео издание. Интересно е тоа што во видео записот се појавуваат и индиската актерка Фрида Пинто, како и порториканскиот актер Луис Гузман. Фрида всушност ја има главната улога на танчерка која ќе му допадне на Марс, кој е еден од музичарите од бендот кој свири во стриптиз барот.

Режијата на видео записот заеднички ја потпишуваат Марс и Камерон Дади, со што се продолжува соработката на двајцата уметници која започна уште во 2010 година кога работеа на видео записот за темата „The Other Side“, потоа во 2011-та за „The Lazy Song“, во 2012-та за „Locked Out of Heaven“, а годинава и за темите „When I Was Your Man“ и „Treasure“.

 



Врати се горе ↑