17 октомври, 2013

Погледнете го „Go Gentle“ од Роби Вилијамс

Само два дена пред објавувањето на новиот албум „Swing Both Ways“, Роби Вилијамс вчера го претстави видео записот за промотивниот сингл кој го најавува ова издание, а во визуализацијата на темата „Go Gentle“ пејачот е прикажан како капетан на импровизиран брод кој крстари по улиците на градот како за време на карневал. Облечен во свечена облека, британскиот музичар го пее текстот додека зачудените жители на градот го набљудуваат како „плови“ низ градот во придружба на неговиот оркестар.

На новиот албум „Swing Both Ways“ покрај обработките на стари клациси од златната ера на свинг музиката, ќе се најдат и шест сосема нови песни чија продукција ја потпишува Гај Чејмберс, кој е долгогодишен соработник на Вилијамс и кој ги потпишува неговите први пет соло албуми. На песните од ова издание гостуваат колеги како што се Лили Ален, Кели Кларксон, Оли Мрс и Мајкл Бубле.

 



Врати се горе ↑