4 јуни, 2014

Погледнете го „Глуве усне“ од Гоца Тржан

Српската поп пејачка Гоца Тржан деновиве го претстави видео записот за песната „Глуве усне“ со која настапи на фестивалот „Pink Music Festival“. Иако песната веднаш ја освои публиката, пејачката сепак не успеала да се пласира во финалето. За екранизацијата на оваа тема се погрижи Ведад Јашаревиќ, а главната улога му припадна на нејзиното момче Раша. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑