16 февруари, 2014

Погледнете го „Гледаш ли?“ од Наталија Данаилова

Македонија го забележа нејзиниот талент уште при првата аудиција на првиот „Македонски идол“, но прераното испаѓање и од првата сезона на регионалниот „Х фактор“, кадешто се пријави заедно со колегата Данчо Пајдаков, не претставуваше голема пречка за нејзината музичка кариера. По настапот на минатогодишниот „Скопски фестивал“ и темата Месечина, Наталија Данаилова деновиве го претстави својот нов видео запис за песната „Гледаш ли?“, која е авторско дело на Весна Малинова (музика и текст), а аранжманот го направи Никола Васков. Интересниот црно-бел видео запис можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑