28 декември, 2012

Погледнете го „Ghetto Baby“ на Шерил Кол

Британската пејачка Шерил Кол деновиве го промовираше видео записот за нејзината песна „Ghetto baby“, која за неа ја напиша Лана Дел Реј, а истата се најде на нејзиниот трет студиски албум насловен „A Million Lights“, издаден во јуни годинава. Покрај соло кариерата, во изминатиот период Кол беше зафатена и со групата Грлс Алауд, кои по повод јубилејот 10 години од формирањето издадоа два нови синглови и компилација со најголемите хитови, насловена „Тen“.

Погледнете го „Ghetto Baby“, кој го изработи фотографот Ранкин, за кој Шерил изјавила дека ѝ е еден од омилените соработници. Во спотот се појавува и нејзиното момче Тре Холовеј.



Врати се горе ↑